Утрински Весник
Спорт

Саудискиот принц сака да го купи Интер

Саудискиот принц сака да го купи Интер

Премиерот на Саудиска Арабија, принцот Мухамед бин Салман, односно инвестицискиот фонд на чие чело се наоѓа, пред два дена, стана сопственик на фудбалскиот клуб Њукасл јунајтед.

Фондот ПИФ, купи 80 отсто од акциите на Њукасл јунајтед за 300.000.000 фунти. ПИФ веќе планираат нова инвестиција.

Италијанските медиуми тврдат дека тие ќе се обидат да го купат Интер. Актуелниот шампион на Италија е во сопственост на Сунинг групацијата.

Интер има сериозни финансиски проблеми, поради што во летниот преоден рок од клубот мораа да заминат Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими. Од продажбата на овие двајца клубот заработи речиси 200.000.000 евра.

> Саудискиот принц сака да го купи Интер <

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години