Утрински Весник
Свет

Саркози одби да сведочи пред судот

Саркози одби да сведочи пред судот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот француски претседател Никола Саркози одби како сведок да одговори на прашања на судењето на неговите поранешни соработници.

Тие се обвинети за злоупотреба на јавните средства за финансирање на испитувања на јавното мислење.

„ Како претседател на Републиката не одговарам пред судот, туку пред францускиот народ“, БФМ ја цитира изјавата на Саркози.

Саркози, кој има претседателски имунитет во овој случај, првично рече дека нема да се појави како сведок откако годинава два пати беше осуден во одделни случаи.

Судот, сепак, му нареди на 66-годишниот Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, да се појави како сведок на судење за анкети нарачани додека тој беше шеф на државата.

Саркози денеска ја нарече наредбата на судијата „неуставна“ и „целосно непропорционална“.

На петмина поранешни соработници и помошници на Саркози во периодот од 2007 до 2012 година, кога тој беше на чело на Франција, им се суди под обвинение за фаворизирање, заговор и злоупотреба на јавни средства при склучување договори со анкетни компании во вредност од 7,5 милиони евра.

Според францускиот Устав, претседателот има имунитет за дела извршени за време на неговиот мандат, но не исклучува дека тој може да се појави како сведок на судењето.

Можете да прочитате

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина

Папа Лав Четиринаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат