Утрински Весник
Македонија

Санкционирани 149 возачи во Охрид, 40 за пречекорена брзина

(Видео) Во Охрид казнети 60 возачи за еден час

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид.

Притоа изречени се вкупно 149 санкции, меѓу кои 40 за пречекорена брзина на движење, 14 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 8 за возење без возачка дозвола, а санкционирани се и 14 мотоциклисти.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот

Миноски: Граѓаните чекаат плати и пензии од Алта банка, мора да знаат кога ќе можат да располагаат со своите пари