Утрински Весник
Македонија

Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе се одржи на 6 мај виртуелно

Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе се одржи на 6 мај виртуелно

Брисел, 23 април 2020 (МИА) – Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, соопшти вечерва дека самитот ЕУ – Западен Балкан што требаше да се одржи во Загреб во мај, ќе се одржи преку видеоконференција на 6 мај, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова било договорено на денешната виртуелна средба на шефовите на држави и влади на ЕУ, на која главна тема беше излезот од економската криза предизвикана од коронавирусот.

Загрепскиот самит требаше да се одржи на почетокот на мај. Европските лидери, дипломати и функционери повеќепати уверија дека и покрај длабоката криза низ која минува Европската Унија, Западниот Балкан нема да биде запоставен.

Самитот ЕУ – Западен Балкан треба да биде прилика за лидерите од регионот и од ЕУ да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат, како и за зајакнувањето на односите. На овој самит нема да се носат одлуки.тм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце