Утрински Весник
Спорт

Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме, вели португалскиот селектор

Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме, вели португалскиот селектор

„Топспорт“ во Порто,
Никола Ѓуровски

Португалија е голем фаворит, но Македонија е „убиец“ на фаворитите. Ја победи Германија во квалификациите и ја елиминира Италија во баражот за Светското првенство. Утревечер на „Драгао“ во Порто ќе се игра финалната пресметка за пласман на мундијалот.

Селекторот на Португалците, Фернандо Сантош, смета дека ова е „натпревар на животот“, не само за Македонија, туку и за Португалија.

„Мислите дека ова е ‘натпревар на животот’ само за Македонија? Исто е и за нас. Светско првенство се одржува на четири години, за многу од нашите фудбалери ова е историска шанса да обезбедат пласман на најголемиот светски фудбалски настан. Токму затоа сме максимално фокусирани. Имаме огромна желба, имаме квалитет, ќе ја имаме и поддршката од нашите навивачи. Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме на утрешниот меч“, изјави Фернандо Сантош.

Билетите за стадионот „Драгао“ се распродадени, се очекува Португалија да има огромна поддршка, но и Македонија ќе има околу 2.500 фанови на трибините.

> Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме, вели португалскиот селектор <

Можете да прочитате

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони