Утрински Весник
Свет

Сакал да запали оган, нов напад во воз во Јапонија

Сакал да запали оган, нов напад во воз во Јапонија

Патник во јапонски супер-експрес воз утринава предизвикал пожар на подот, кој брзо бил изгаснат од патниците и во кој нема повредени, соопшти полицијата.

Осомничениот испрскал со течност на подот, запалил парче хартија со запалка и го пуштил на подот до неговото седиште.

Осомничениот наводно сакал да изврши сличен напад, како минатoнеделниот во Токио, во кој беа повредени 17 лица, пренесуваат агенциите.

За среќа, огнот малку го оштетил подот, а патниците брзо го изгаснале, а кондуктерот ја алармирал полицијата која се качила на возот штом застанал на следната станица.

Осомничениот, кој седел тивко и не пружал отпор, бил уапсен под сомнение дека предизвикал пожар, соопшти полицијата.

Од таму известија дека Кијоши Мијаке (69) од Фукуока им кажал дека се обидел да го имитира нападот што на 31 октомври го извршил маж облечен во зелена кошула и виолетов костум, сличен на костимот на злобниот Џокер, кога 17 луѓе беа повредени.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури