Утрински Весник
Свет

САД ќе се ангажираат за намалување на тензиите во Косово

САД ќе се ангажираат за намалување на тензиите во Косово

САД, во соработка со ЕУ, НАТО и Белград и Приштина, ќе се обидат да преземат итни чекори за да ја запрат ескалацијата на тензиите на северот на Косово и Метохија, да овозможат понатамошен напредок на дијалогот под покровителство на ЕУ и да спречи негативно влијание врз секојдневниот живот, велат од Стејт департментот, објави „Танјуг“.

На прашањето на „Танјуг“ до Габриел Ескобар, заменик државен секретар на САД за Европа и Евроазија, дали очекува проблемот да биде решен на претстојната средба во Брисел, од Стејт департментот одговориле дека го поздравуваат доаѓањето на претставници на Белград и Приштина во Брисел и изразија надеж дека претставниците ќе отворат сериозен и директен дијалог со потврда дека Габриел Ескобар, исто така, ќе биде вклучен во бриселските разговори оваа недела.

„Неодамнешните настани покажаа дека разликите помеѓу Белград и Приштина, доколку не се надминат, негативно ќе влијаат на странските инвестиции и ќе придонесат за понатамошен одлив на мозоци, што ќе ги спречи економиите на Косово и на Србија да го реализираат својот вистински потенцијал, но исто така ќе ја спречи нивната понатамошна интеграција во европските институции“, се вели во одговорот на Стејт департментот.

САД ги повикуваат Белград и Приштина да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ и да ги решат сите спорови без одлагање, вклучително и оние поврзани со енергетиката и другите области кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните, нагласувајќи дека САД немаат рецепт за решавање на проблемот.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка