Утрински Весник
Свет

САД: Седум милиони заразени со коронавирус

По забава во Австрија, 80 лица завршија во карантин, а меѓу нив и секретарот за здравство

Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, САД го преминале прагот на седум милиони луѓе заразени со коронавирус.

Откако пандемијата најсилно го погоди подрачјето на Њујорк, а потоа во текот на летото југоистокот и југозападот на земјата, сега се шири во градовите со многу помало население во срцето на земјата, често во нејзините конзервативни делови каде што голем број жители се противат на носење маски.

Ширењето на инфекцијата сега предизвикува нови проблеми во болниците, училиштата и универзитетите на западнито дел на САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа