Утрински Весник
Свет

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија
Ss2

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас изјави дека САД размислуваат да ги додадат во програмата за укинување, што ќе им овозможи на бугарските граѓани да останат во САД до 90 дена без виза.

„Имаме четири кандидати: Израел, Кипар, Бугарија и Романија“, рече Мајоркас вчера на настан поврзан со туристичката индустрија и додаде дека САД се многу фокусирани на програмата.

300x250 (7)

Роберт Дау, шеф на Американската асоцијација за патувања, рече дека неодамнешното додавање на Хрватска во програмата за укинување на визите е стимул од сто милиони долари за американската економија. Хрватските граѓани од сабота можат да патуваат во САД без виза.

„Секогаш кога ќе додадете една од тие земји, патувањето експлодира“, рече Дау.

Во моментов, 40 земји се во програмата за ослободување од визи.

Ss1

Можете да прочитате

ЕУ ја предупреди Грузија дека усвојувањето на законот за „странски агенти“ ќе биде пречка за европската иднина на земјата

Иран воведе санкции за поединци и правни субјекти од САД и Велика Британија

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина