Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

САД не го признаваат Лукашенко за претседател на Белорусија

САД не го признаваат Лукашенко за претседател на Белорусија
Img 7972

САД сметаат дека Александар Лукашенко е нелегално избран претседател на Белорусија, изјави претставник на Стејт департментот за РИА Новости.

Официјалниот претставник рече дека изборите на 9 август не биле ниту слободни ниту фер.

„Објавените резултати беа измислени и не го одразуваа легитимитетот. САД не можат да го сметаат Александар Лукашенко за легитимно избран лидер на земјата“, рече портпаролот на Стејт департментот, коментирајќи ја инаугурација на Лукашенко.

Лукашенко ја презеде должноста претседател на Белорусија вчера, а инаугурацијата се одржа во Палатата на независноста, објавија белоруските медиуми.

На 9 август се одржаа претседателски избори во Белорусија, на кои, според Централната изборна комисија, победи Александар Лукашенко со 80,1 процент од гласовите. Сепак, после тоа започнаа масовни протести затоа што опозицијата смета дека изборите биле украдени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп