Утрински Весник
Свет

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број на новозаразени со коронавирусот во Европа.

„ Избегнувајте патувања во Франција“, се вели во новата препорака на Стејт департментот до Американците пред божиќните и новогодишните празници, каде што нивото на предупредување за заканата од омикрон за земјата се искачи на четири, што е највисоко на скалата.

Како што наведува главната американска здравствена институција, Центарот за превенција и борба против болести, дури и целосно вакцинираните луѓе се изложени на ризик да се заразат и да шират нови варијанти на вирусот.

Покрај Франција и Португалија, на листата земји за кои е издадено предупредување се и Кипар, Андора, Лихтенштајн во Европа, како и Јордан и Танзанија.

Стејт департментот на списокот ги стави и Мали и островот Фиџи каде беа пријавени првите случаи на сојот Омикрон.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик