Утрински Весник
Спорт

Садио Мане е најдобар африкански фудбалер

Сенегалскиот напаѓач Садио Мане по втор пат во кариерата е прогласен за најдобар африкански фудбалер.

dobivaj vesti na viber

Новиот играч на Баерн Минхен истото признание го доби пред три години, а овогодинешната награда ја заслужи со одличните настапи во Ливерпул и репрезентацијата на Сенегал.

Со Сенегал го освои и африканскиот шампионат, прв во историјата за таа земја, а Мане го реализираше последниот пенал во финалето против Египет. Со Ливерпул го освои второто место во Премиер лигата и играше во финалето во Лигата на шампионите.

На Светското првенство во Катар ќе се натпреварува и Сенегал.

Второто место во изборот му припадна на Мохамед Салах, а на третото на сонародникот на Мане, голманот на Челси, Едуард Менди.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027