Утрински Весник
Свет

Руски суд го казни „Твитер“ со 35.000 евра

ФБИ почна истрага за хакерскиот напад на „Твитер“

Руски суд денеска го казни „Твитер“ со 3,2 милиони рубљи (околу 35.000 евра) за небришење на содржини за кои се тврди дека се забранети.

Москва минатиот месец објави дека ја забавува брзината на американската платформа „Твитер“ во Русија и на 16 март се закани дека зa еден месец во целост ќе ги забрани нејзините услуги, поради достапност на содржина која варира од детска порнографија до злоупотреба на дрога, пренесува „Ројтерс“.

„Твитер“ не ја коментираше пресудата. Претходно, сепак, беше објавено дека компанијата е загрижена за руската кампања против слободата на говорот и негираше дека дозволила платформата да се користи за промовирање на незаконско однесување, како што тврдат руските власти.

Можете да прочитате

Марта Кос: Албанија затвора уште едно поглавје, со Молдавија и Украина отвораме по две

Дронови нападнаа бродови кај Бугарија, еден потона

Киев нападнат со балистички ракети, експлозии во Лавов, Запорожје и Харков; Москва нападната со над 400 дронови