Утрински Весник
Свет

Руски сенатор: Ниту шестиот, ниту седмиот пакет санкции нема да ја разбијат Русија

Русија не може да се разбие со санкции, Европската Унија може да го подготви не само шестиот, туку и седмиот и осмиот пакет санкции, изјави првиот заменик-претседател на комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата на Русија, Владимир Џабаров.

„Дами и господа од Европа, не ви е доста да правите глупости? Сепак, Русија не може да биде уништена со санкции. Можете да го подготвите и следниот, седми пакет и да размислите за осмиот, деветтиот и така натаму“, напиша Џабаров на Телеграм, објави “Новости”.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, претходно изјави дека Европската комисија во рамките на шестиот пакет санкции против Русија предлага постепено да се забрани увозот на руска нафта во ЕУ.

На тема шестиот пакет санкции против Русија зборуваше и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Џосеф Борел, пренесе „Новости”.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам