Утрински Весник
Свет

Руски научник: „Спутник в“ e послаба против јужноафриканскиот сој, но делува подобро од другите вакцини

Руски научник: „Спутник в“ e послаба против јужноафриканскиот сој, но делува подобро од другите вакцини
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Руската вакцина „Спутник в“ е помалку ефикасна за јужноафриканската варијанта на Ковид-19, но тој пад е помал отколку кај другите вакцини, изјави водечки научник од институтот што го разви овој производ.

Pet Utrinski

„Кога станува збор за јужноафриканската варијанта, ефикасноста на антителата произведени од ‘Спутник в’ се намалува, каков што е случајот со сите други вакцини“, изјави Александар Гинтсбург за новинската агенција „Интерфакс“.

Screenshot

„Спутник в“ била тестирана во лаборатории во САД за британската и јужноафриканската варијанта на вирусот, како и за оригиналниот вид што првпат беше откриен во кинеската провинција Вухан, посочи Гинтсбург во ова интервју.

Тој објаснил дека лабораториите користеле примероци на крв од луѓе заразени со ковид во Аргентина.

Нагласил и дека во тие тестотви не учествувале руски научници.

Иако одговорот на антителата кон јужноафриканската варијанта на вирусот е послаб, тој пад е значително помал од падот што е забележан кај другите вакцини, вели Гинтсбург.

Тој додава и дека резултатите од студијата за „Спутник в“ во однос на оригиналниот сој од Вухан ги потврдиле наодите направени од научниците од неговиот тим во московскиот институт „Гамалеја“.

„Исто така, докажано е дека од сите вакцини што моментно се користат во светот, ‘Спутник в’… најдобро ја неутрализира варијантата што ја нарекуваме британска“, вели Гинтсбург.

Можете да прочитате

Асанж доби право на жалба поради екстрадицијата во САД

Имамот од хеликоптерот со иранскиот претседател бил жив околу еден час по падот?

Провалници упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини