Утрински Весник
Свет

Руски воени вежби во Црното Море, во пресрет на доаѓањето на американските бродови

Руски воени вежби во Црното Море, во пресрет на доаѓањето на американските бродови

Руската морнарица започна воена вежба во Црното Море, пред очекуваното пристигнување на американски воени бродови во областа, пренесуваат руските новински агенции.

Вежбата вклучува руски воени бродови од Црноморската флота со седиште на Крим, хеликоптери и авиони.

Два американски воени брода треба да пристигнат во Црното Море оваа недела, додека Вашингтон и НАТО изразуваат загриженост за зголемувањето на бројот на руските сили на границата со Украина и на Крим.

Присуството на американски бродови во ова море не е невообичаено.

„Не е ништо ново“, рече минатата недела портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Москва вчера ги предупреди САД со своите бродови да не се приближуваат до Крим, за нивно добро.

Според Кремљ, праќањето на американски бродови во Црното Море е провокација со цел да се тестира трпението на Русија, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен