Утрински Весник
Свет

Руските војници го опколија градот – Мариупол во урнатини

Руските војници го опколија градот – Мариупол во урнатини

Еден месец по почетокот на руската инвазија, уништувањето и страдањето се присутни на речиси сите места во Украина.

На ниту едно место, меѓутоа, немало такви ужаси на руската агресија како Мариупол, јавува Би-Би-Си.

Руските трупи го опколија градот и немилосрдно го напаѓаат од воздух, од копно, а во последните денови и од море. Се чини дека речиси ниту еден дел од градот не останал недопрен. Улица по улица, зграда по зграда, градот е во урнатини.

А меѓу тие урнатини сè уште се блокирани 100.000 луѓе, во опсада како оние од средновековните времиња.

Нема струја, нема гас, нема вода за пиење. Некои жители го топат снегот за да пијат вода. Извештаите велат дека децата умираат од жед.

Телата лежат на улиците бидејќи е премногу опасно луѓето да излезат на отворено и да ги извлечат. Кога конечно ќе бидат собрани, некои од нив завршуваат закопани во масовни гробници.

Украинските сили жестоко се борат да го задржат градот во свои раце. Во Мариупол и други места владее страв, бидејќи жителите стравуваат дека Русите, доколку не можат да ги освојат, ќе направат се за да ги уништат, наведува Би-би-си.

Можете да прочитате

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина

Околу 40 убиени во нови напади на израелската војска врз цивили околу точките за дистрибуција на помошта во Појасот Газа