Утрински Весник
Свет

Руската вакцина „Спутник“ од денеска ќе се произведува и во Србија

Руската вакцина „Спутник“ од денеска ќе се произведува и во Србија

Oд денеска Србија ќе започне со производство на руската вакцина „Спутник в“ против коронавирусот.

Авион од Русија со компоненти за руската вакцина слета во Белград во четвртокот вечерта.

Српскиот министер задолжен за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ, синоќа изјави дека сè е подготвено во белградскиот институт „Торлак“ и дека производството на руската вакцина ќе започне попладнево.

Тој посочи дека четири милиони вакцини „Спутник в“ ќе бидат произведени во првиот период од четири до шест месеци.

Додаде дека вакцината ќе се користи првенствено за граѓаните на Србија, бидејќи таков е договорот меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, но и дека Србија ќе му помогне на регионот.

Можете да прочитате

Канадскиот премиер: Русија ќе ја загуби војната

Зеленски: Русија лансираше околу 90 ракети и 600 дронови

Русија ја нападна Украина со „Орешник“