Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Русија ќе распореди војска во источна Украина

Русија ќе распореди војска во источна Украина
Img 7972

Според одлуката што ја потпиша рускиот претседател Владимир Путин, за призавање на двете сепаратистички републики, руска војска ќе биде испратена во источна Украина во, како што се вели, мировна мисија.

Имено, одлуката за признавање на двете проруски територии како независни држави вклучува одредба според која руската армија ќе одржува мир во тие републики.

Поедноставно, тоа значи дека рускиопт претседател одлучил да испрати руската армија во источна Украина. Сè уште не се знае колку војници ќе испрати Путин во Украина, кога ќе ја преминат границата и што точно ќе прави таму. ЕУ, Америка и Британија веднаш најавија санкции против Русија.

По признавањето на Донецк и Луганск, рускиот претседател му нареди на Министерството за надворешни работи да воспостави и дипломатски односи со регионите кои Русија ги смета за независни држави.

Последните денови ситуацијата меѓу Русија и Украина ескалира, а во исто време има драматични изјави на западните сили дека руската инвазија на Украина е прашање на време и дека се подготвува целосен напад.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа