Утрински Весник
Македонија

Облачно и постудено време со повремен дожд

Облачно и постудено време со повремен дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 60км/ч. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Можете да прочитате

Македонка убиена во Италија: Сопругот се јавил на 112 и признал – „Ја убив жена ми“

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски? 

Македонија има доволно керозин, уверува Николоски