Утрински Весник
Свет

Русија со закана кон Шведска и Финска: „Ќе претрпите опасни воени и политички последици доколку влезете во НАТО“

Русија со закана кон Шведска и Финска: „Ќе претрпите опасни воени и политички последици доколку влезете во НАТО“

Според написите на локалните медиуми, Марија Захарова ги предупредила и Финска и Шведска дека ќе се соочат со опасни воени и политички последици доколку се обидат да влезат во НАТО.

Захарова, како што пишуваат медиумите, попладнево на прес-конференција во Москва предупредила дека приемот на Финска или Шведска во НАТО ќе предизвика сериозен одговор од Москва.

„Сметаме дека посветеноста на финската влада на воената политика на неврзување е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа“, додала таа.

„Интензитетот на интеракциите меѓу Хелсинки и Стокхолм со НАТО не е ништо ново. Ја видовме оваа политика низ годините. Но, Финска и Шведска не треба да ја засноваат својата безбедност на загрозување на безбедноста на другите земји“, додала Захарова.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи