Утрински Весник
Свет

Конашенков: Руската армија собори 12 украински авиони, уништи 67 тенкови

Конашенков: Руската армија собори 12 украински авиони, уништи 67 тенкови

Руската армија собори 12 украински авиони за време на специјални операции во Украина, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков, пренесуваат медиумите во регионот.

„Беа соборени шест борбени авиони, еден хеликоптер и пет беспилотни летала. Уништени се 67 тенкови и други оклопни возила, 16 ракетни системи, 87 специјализирани воени возила“, рече тој, пренесува ТАС С.

Руското Министерство за одбрана нагласи дека нивната армија не врши напади врз украинските градови, туку дека воената инфраструктура е цел на многу прецизно оружје, пренесуваат агенциите.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид