Утрински Весник
Свет

Русија со закана кон САД поради испраќањето на моќни ракетни системи во Украина

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Русија реагира на одлуката на САД за снабдување на Украина со напредни ракетни системи и муниција.

Официјална Москва го нарече потегот екстремно негативен и се закани дека тоа ќе го зголеми ризикот од директен конфликт.

„Ројтерс“ пренесува дека рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков за државната новинска агенција РИА Новости изјавил оти Москва гледа на американската воена помош за Украина исклучително негативно.

„Очигледно, САД, на чело на група држави, се вклучени во намерно пумпање оружје кон режимот во Киев“, рече тој.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ќе ѝ дадат на Украина понапредни ракетни системи и муниција за „попрецизно да ги гаѓаат клучните цели на бојното поле“.

Можете да прочитате

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување

Несреќа со жичарница во Италија