Утрински Весник
Магазин

Овен Вилсон жртва на крадци, неговиот електричен автомобил остана без гуми

Овен Вилсон стана жртва на крадци кои ги украле гумите од неговиот автомобил Тесла додека бил паркиран пред неговиот дом во Калифорнија.

Отмениот Тесла на холивудскиот актер бил ограбен пред неговиот имот во Санта Моника.  Крадците ги однеле бандажите на тркалата, како и гумите со вкупна загуба проценета на околу 4.000 американски долари.

Се претпоставува дека кражбата се случила во раните утрински часови во неделата, според „ТМЗ“.

Истиот извор пренесува дека инцидентот бил пријавен во полиција, која го истражува случајот како голема кражба. Ги проверуваат безбедносните камери во областа за да видат дали можат да ги фатат виновниците.

Засега нема уапсени.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека

Намирници што содржат повеќе железо по порција отколку месото