Утрински Весник
Свет

Русија продолжува да го гранатира Донбас

Русија продолжува да го гранатира Донбас

Руското гранатирање продолжува во областите на Доњецк и Луганск, а украинските сили одбиле неколку напади кои резултирале со уништување на руски тенкови, возила и артилериска опрема, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Претходната употреба на фосфорна муниција од страна на руските сили во регионот на Доњецк ја зголемува и можноста ваквите напади со фосфорни гранати да се повторат и во Мариупол, бидејќи борбите околу тој град се интензивираат, соопшти британската воена разузнавачка служба.

Во извештајот се наведува дека континуираното потпирање на Русија на ракети без екипаж во голема мера го зголемува ризикот од дополнителни цивилни жртви.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега