Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Русија привремено ја прекинува испораката на гас за Европската унија преку Северен тек

300x250 opst2

Руски „Гаспром“ ја прекинува испораката на гас за Европската унија преку „Северен тек“, пренесува АФП, повикувајќи се на извори од компанијата.

dobivaj vesti na viber

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави дека транзитот на природен гас во Европската унија преку гасоводот Северен тек 1 ќе биде стопиран од 31 август до 2 септември поради одржување, пишува АФП.

„На 31 август единствената работна единица за гасен компресор „Трент 60“ ќе биде затворена три дена поради одржување“, соопшти компанијата, истакнувајќи дека сите поправки ќе бидат извршени заедно со експерти од германски „Сименс“.

„Гаспром“ додаде дека „по завршувањето на работите и отсуството на технички дефекти на блокот, транспортот на гас ќе биде вратен на ниво од 33 милиони кубни метри дневно“, што претставува приближно 20 отсто од целосниот капацитет на гасоводот.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори