Утрински Весник
Свет

Русија прва во светот регистрираше вакцина против коронавирус за животни

Русија прва во светот регистрираше вакцина против коронавирус за животни

Првата вакцина против коронавирус за животни е регистрирана во Русија, изјави денеска заменик-директорот на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија, Константин Савенков, најавувајќи дека нејзиното масовно производство може да почне веќе во април.

„Вакцината ‘Карнивак-Ков’, која е изработена од Федералниот центар за здравје на животните, е регистрирана во Русија. Таа е прва во светот против ковид-19 за животни“, рече Савенков.

Клиничките испитувања на „Карнивак-Ков“, кои почнале во октомври минатата година, биле извршени врз кучиња, мачки, лисици и други животни.

„Резултатите од истражувањето ни овозможуваат да заклучиме дека вакцината е безопасна и високо имуногена, бидејќи 100 проценти од вакцинираните животни имаат развиено антитела на коронавирусот“, нагласи Савенков.

Во моментот, научниците продолжуваат да истражуваат колку долго се развива имунитетот по вакцинацијата, а Савенков вели дека во моментов овој индикатор е најмалку шест месеци.

Тој посочи дека и други земји се заинтересирани за оваа вакцина, вклучувајќи ги Грција, Полска, Австрија, САД, Канада и Сингапур. Савенков посочи дека вакцината е од особено значење, бидејќи, некои животински видови се чувствителни на коронавирусот, а случаи на Ковид-19 кај животни се регистрирани во многу земји.

До денес, официјално се идентификувани два случаи на зараза со мачки во Москва и Тјумен. Според руските научници, употребата на вакцината за животни може да спречи развој на мутации на вирусот, кои најчесто се јавуваат при пренесување на патогени микроорганизми помеѓу видовите.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња