Шефот на рускиот центар за контрола на националната одбрана, Михаил Мизинцев, изјави дека Киев намерно подготвува услови за провокации од страна на украинските безбедносни служби на Велигден, „кои ќе активираат нов бран на русофобија во Украина и во странство“.
„ Во моментот на кампањата на режимот во Киев се подготвуваат провокативни акции во украинските медиуми, кои ја обвинуваат Русија за наводно организирање гранатирање на верски објекти“, рече Мизинцев.
Според него, овие провокации, исто така, имаат за цел да ја дискредитираат Украинската православна црква на Московската патријаршија.
Тој тврди дека „епископите на Украинската православна црква добиле препораки од кабинетот на претседателот Володимир Зеленски да не се одржуваат традиционални велигденски богослужби ноќта на 23 и 24 април, туку да се заменат со интернет пренос на богослужбите во црквите“.
Мизинцев оцени дека таквите известувања не биле намерно испратени до Украинската православна црква на Московската патријаршија за да се организираат масовни собири на верници во нејзините цркви, пренесува ТАС С.
Рускиот функционер изјави и дека украинските специјални служби планираат провокација со употреба на хемиски супстанци во пристаништето Јужни во Одеса, за да ги обвинат руските вооружени сили дека пукаат во цивили.