Утрински Весник
Свет

Русија и Укрина одржаа воени вежби во тензична атмосфера

Русија и Укрина одржаа воени вежби во тензична атмосфера
300x250 (7)

Руски борбени авиони и бродови вежбаа одвраќање воздушни напади врз поморски бази за време на воените вежби во Црното Море, јави агенцијата „Интерфакс“. Истовремемо и соседна Украина одржа воени вежби.

Вежбите се одржаа во време на големи тензии околу Украина. Украинските и американските власти предупредуваат дека Русија би можела да го нападне јужниот сосед, но Кремљ ги отфрла овие наводи.

300x250 (7)

„ Во оваа борбена обука учествуваа околу десет екипажи од авиони и бродови на Црноморската флота во поморската база Новоросијск“, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на наводите на Црноморската флота.

Според „Интерфакс“, борбените авиони Сухој и другите авиони вежбале одговор на непријателските воздушни напади со тренажни летови над Црното Море во соработка со Црноморската флота. Руската Црноморска флота се наоѓа на Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година. Киев бара Русија да го врати Крим.

Украина, која ја обвинува Русија за собирање војници во близина и вели дека Белорусија би можела да испрати мигранти до нејзините граници, започна операција за зајакнување на границата, вклучувајќи воени вежби за противтенковски и воздушни единици.

Ss1

Можете да прочитате

Трамп ја спореди администрацијата на Бајден со Гестапо

Во светот денес се одбележува Меѓународниот ден на миење раце

Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив за ослободување на заложниците и против премиерот