Утрински Весник
Свет

Русија забрани влез за претставници од ЕУ, меѓу нив и претседателот на Европскиот парламент

Русија забрани влез за претставници од ЕУ, меѓу нив и претседателот на Европскиот парламент
Dik 300x250 mk

Русија забрани влез на осуммина функционери од земјите на ЕУ, вклучително и членови на Европскиот парламент и на Европската комисија.

„Русија забрани влез за осуммина претставници на ЕУ, вклучувајќи ги претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли и потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова“, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

„Европската унија ја продолжува својата политика на еднострани нелегитимни рестриктивни мерки, насочени кон руски граѓани и организации“, се вели во соопштението на Министерството.

Главниот државен обвинител во Берлин, Јорг Раупах, е исто така меѓу оние на кои им е забранет влез во Русија.

ЕУ во март воведе санкции за двајца Руси обвинети за прогон на хомосексуалци во Чеченија. Минатиот месец воведе санкции за четворица високи руски функционери блиски до претседателот Владимир Путин.

Можете да прочитате

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство