Утрински Весник
Економија

Русија го зголеми производството на нафта

Русија го зголеми производството на нафта

Руското производство на нафта и гасен кондензат се зголеми на 11,07 милиони барели дневно (bpd) од 1 до 10 февруари, од просечните 11 милиони барели дневно во јануари, пишува агенцјата „Ројтерс“, цитирајќи два извора запознаени со ситуацијата.

Русија го зголемува производството на нафта во тандем со членките на Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, односно групата позната како ОПЕК +, додека глобалната побарувачка закрепнува.

Месечната квота на Русија за зголемување на производството на нафта во февруари изнесува 100.000 барели дневно, додава британската агенција.

Можете да прочитате

Денеска почнува исплатата на октомвриските пензии во повеќе банки

Вицегувернерот Величковски: Една година од интеграцијата во СЕПА – заштеди од 5 милиони евра, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас