Утрински Весник
Свет

Русија ги предупреди Финска и Шведска поради НАТО

Русија ги предупреди Финска и Шведска поради НАТО

Русија ги предупреди Финска и Шведска за можно членство во НАТО. Русите тврдат дека овој потег нема да донесе стабилност во Европа, пренесува Би-Би-Си.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека „алијансата останува алатка насочена кон конфронтација“.

Неговата изјава доаѓа откако американските одбранбени претставници изјавија дека руската инвазија на Украина е огромна стратешка грешка, бидејќи најверојатно ќе доведе до проширување на НАТО.

Американските власти тогаш изјавија дека очекуваат нордиските соседи да се кандидираат за членство во НАТО, потенцијално уште на лето. Се верува дека Вашингтон го поддржува потегот со кој западната алијанса ќе порасне на 32 членки.

Инаку, пред Русија да ја започне инвазијата на Украина, таа побара НАТО да се согласи да го запре секое идно проширување, потсетува Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години

Речиси половина од Германците се против формирање влада на AfD во Саксонија-Анхалт