Утрински Весник
Свет

Русија вакцинираше милион луѓе

Русија вакцинираше милион луѓе

Русија вакцинираше милион луѓе со вакцината Спутник V.

Земјата, која има четврти најголем број на заразени, почна со масовни вакцинации минатиот месец.

Досега не се пријавени никакви негативни реакции, вели Александар Гинтсбург, директор на Институтот Гамалеј, кој ја разви вакцината.

Во Русија има 24.217 нови случаи, вклучително и 5.142 во Москва, со што бројот се искачи на вкупно 3.308.601 заразени од почетокот на пандемијата.

Властите соопштија дека 445 лица починале во последните 24 часа и сега вкупниот број на смртни случаи изнесува 59.951 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја