Руски трупи употребиле фосфорна муниција во селото Соловјов во источна Украина, изјави шефот на регионалната воена управа на Донецк, Павло Кириленко. Иако фосфорот не е класифициран како хемиско оружје според Конвенцијата за хемиско оружје, неговата употреба во близина на цивили е нелегална.
Руските сили, исто така, повторно го гранатирале селото Ласточкине, при што биле оштетени куќа и продавница, соопшти Кириленко на „Телеграм“.
Со белиот фосфор рутински располагаат армиите ширум светот и легално се користи во борбите како димна завеса во текот на денот и како осветлување на областа навечер.
Но, нелегално е да се користи против цивили бидејќи предизвикува сериозни и исклучително болни изгореници при контакт со кожата. Употребата на бел фосфор во цивилни области е забранета, меѓу другото, со Женевската конвенција.