Утрински Весник
Економија

Инфлацијата во еврозоната на рекордно ниво од 7,5 отсто

Стапката на инфлација во еврозоната се зголеми на 7,5 отсто во април, достигнувајќи ново највисоко ниво откако „Еуростат“ почна да објавува податоци во 1996 година, поттикната од континуираниот силен раст на цената на енергијата и зголемувањето на цените на храната.

Најмногу во април поскапеле енергенсите, за 38 отсто во однос на истиот месец лани. Скокот, сепак, е нешто поблаг отколку во март, кога пораснаа за 44,4 отсто.

Порастот на цените на енергенсите се забрза по руската инвазија на Украина и санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија. Ситуацијата дополнително ја влоши конфликтот околу новиот механизам за плаќање пропишан од Русија.

ЕУ денеска разговара за ембарго на руската нафта, а некои земји бараат да се забрани и увоз на руски гас.

Можете да прочитате

Владата размислува за уште еден ребаланс на Буџетот

Од полноќ нови цени на горивата

Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, Владата води сметка да го заштити стандардот на граѓаните