Утрински Весник
Свет

Русите велат дека убиле 500 украински војници во текот на ноќта

Русите велат дека убиле 500 украински војници во текот на ноќта

Руското Министерство за одбрана тврди дека руската армија убила 500 украински војници во текот на ноќта откако руската авијација погодила 87 воени цели во Украина.

Се вели дека меѓу погодените цели се и две складишта за оружје во регионот на Харков.

Министерството, исто така, на својата веб-страница објави видео на коe наводно се гледа база за складирање и поправка на украинските вооружени сили, за која тврдат дека ја заземале. На видеото може да се видат воени тенкови и други возила.

Би-би-си јави дека засега не успеале независно да ги потврдат овие наводи.

Можете да прочитате

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа