Минхен, 11 април 2020 (МИА) – Лерој Сане може да чини 30 милиони евра за Баерн Минхен во текот на летото, според Михаел Румениге, брат на извршниот директор на Баварците Карл-Хајнц Румениге.
– Баерн беше подготвен да го купи минатото лето за 100-120 милиони евра, но тогаш Сане ги скина лигаментите на коленото. Сега неговата цена ќе биде многу пониска и веројатно ќе чини помеѓу 30 и 50 милиони евра, изјави поранешниот напаѓач на Баерн и Борусија Дортмунд за „Спорт Базер“.
Како што е познато, крилото има договор со „граѓаните“ до летото 2021 година и Сити ќе мора да го продаде доколку тој не сака повторно да потпише.
Инаку, англискиот клуб ризикува да го изгуби без пари.