Утрински Весник
Магазин

Рудари откопале розов дијамант за кој се верува дека е најголемиот виден во последните 300 години

Рудари во Ангола ископале редок чист розов дијамант за кој се верува дека е најголемиот пронајден во последните 300 години, објави во средата австралискиот оператор на рудникот.

dobivaj vesti na viber

Дијамантот од 170 карати, наречен The Lulo Rose, бил пронајден во рудникот Луло во североисточниот дел на земјата богат со дијаманти, и е еден од најголемите розови дијаманти некогаш пронајдени, објави компанијата „Лукапа Дајмонд“  во соопштението за инвеститори.

Дијамантот ќе се продава на меѓународен тендер, најверојатно по неверојатна цена.

Можете да прочитате

Името на бебето на Бони Блу ќе се продава на аукција

Висок крвен притисок – главни причини и совети

Поротата одлучи: „Фејсбук“ и „Јутјуб“ не предупредиле за ризикот од зависност, отштетата кон тужителот е три милиони долари