Утрински Весник
Свет

Ројтерс: Две експлозии во Киев за време на обраќањето до медиумите на Зеленски и Гутереш

Најмалку две експлозии се слушнале вечерва во главниот град на Украина, Киев, веднаш по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Експлозиите, кои подигнаа столбови од црн чад, следеа непосредно по прес-конференцијата на двајцата лидери за време на која Гутереш ги осуди злосторствата извршени во градовите како Буча, каде што беа пронајдени докази за убиства на цивили по повлекувањето на руските сили.

Експлозиите предизвикаа пожари во најмалку две високи згради.

Властите соопштија дека Гутереш и неговиот тим се безбедни.

Киев во голема мера избегна тешко гранатирање од страна на руските сили во другите делови на Украина.

Можете да прочитате

Маж уапсен со оружје во близина на Белата куќа по наводна закана кон Трамп

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби