Утрински Весник
Свет

Рохани: Иран би можел да збогати ураниум до чистота од 90 проценти

Рохани: Иран би можел да збогати ураниум до чистота од 90 проценти

Иран би можел да го збогати ураниумот до чистота од 90 проценти, доколку земјата има потреба тоа, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.

„Иранската организација за атомска енергија може да го збогати ураниумот за 20 и 60 проценти, а доколку еден ден тоа му треба на нашиот реактор, можеме да збогатиме ураниум до чистота од 90 проценти“, рече Рохани на владиниот состанок, објавија иранските агенции.

Неговата изјава доаѓа во време на напорите на Техеран и шесте светски сили да го оживеат нуклеарниот договор од 2015 година, што Вашингтон го напушти пред неколку години.

Можете да прочитате

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија

Пентагон планира да испрати 1.500 војници во Минесота