Утрински Весник
Сцена

Роуз Мекгоуан го објавува својот прв музички албум (видео)

Роуз Мекгоуан го објавува својот прв музички албум (видео)
Ss2

 

Лос Анџелес, 22 април 2020 (/) – По дведецениска актерска и пејачка кариера Роуз Мекгоуан го најави својот прв музички албум, под наслов „Planet 9“. Албумот има осум песни.

Ѕвездата на ТВ-серијата „Волшебнички“ и „Куќа на ужасот“ на режисерот Квентин Тарантино, инаку, и досега беше позната како музичарка, авторка обично на песни користени во филмовите каде што глумеше.

Ss1

– Кога бев мала, си создадов утописки свет во главата и го нареков „Планета 9“, изјави Мекгоуан.

Во пресрет на задутрешното претставување на компилацијата, таа објави и кус видео преглед на материјалот.  си/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка