Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Роуз: Лав е во американскиот олимписки тим само бидејќи е белец

Роуз: Лав е во американскиот олимписки тим само бидејќи е белец
Img 7972

Поранешната НБА ѕвезда, а сега аналитичар на „ЕСПН“, Џејлен Роуз вели дека Кевин Лав е дел од американскиот олимписки тим за Токио само поради бојата на кожата бидејќи САД се „исплашени“ да пратат целосно „црн“ олимписки тим.

32-годишниот Лав е меѓу 12-те кошаркари кои во Токио ќе одат на четврто последователно олимписко злато за САД.

„Разочаран сум бидејќи знам дека и во 1992 година, Кристијан Летнер беше во тимот пред Шек и Алонзо Морнинг. Тоа е фаворизирање. Не знам зошто им е страв да стават целосно црн тим кој ќе ја претставува САД“, вели Роуз.

Сепак, Роуз не е целосно во право – од 1996 година само двајца белци биле во американската репрезентација – Џон Стоктон и Лав, а во 2016, 2008, 2004 и 2000, САД прати тим во кој немаше белци.

> Роуз: Лав е во американскиот олимписки тим само бидејќи е белец <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент