Утрински Весник
Спорт

Роналдо собра 6 милиони лајкови со полноќната објава на Инстаграм

Роналдо собра 6 милиони лајкови со полноќната објава на Инстаграм

Кристијано Роналдо не го играше мечот на годината за Јувентус (победа со 4-1 кај Болоња), но затоа бурно славеше со соиграчите.

Благодарејќи што Верона одигра 1-1 кај Наполи, „Старата дама“ се протна во Лигата на шампионите идната сезона. Јуве заврши како четврти во Серија А сезонава што секако е неуспех за тимот кој ги освои последните 9 Скудета во минатите 10 сезони.

Прославата во соблекувалната ја водеше Кристијано Роналдо, а доцна синоќа на Инстаграм објави фотка со прст преку устата и со порака:

„Пссс. До крај. Горд сум на овие момци“.

За постот собра 6 милиони лајкови.

View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

> Роналдо собра 6 милиони лајкови со полноќната објава на Инстаграм <

Можете да прочитате

ТФТ ја елиминира Сутјеска, против Широки Бријег за влез во АБА лигата

ТФТ избори финале во АБА 2 лигата

Скопје ќе биде светски училишен ракометен центар