Утрински Весник
Спорт

Рома по два порази, освои три поени

Рома по два порази, освои три поени

Рома се врати на победите во Серија А, откако по два порази во низа, успеаја да ја совладаат Специја со 2:0 во понеделничкиот меч од 17. коло, со што се искачија на шестото место на табелата израмнети со поени со седмопласираниот Јувентус.

Стартот беше совршен за тимот на Жозе Мурињо, откако проработе „англиската врска“ – Теми Абрахам во шестата минута му асистираше на Крис Смолинг за 1:0. И покрај подобрата игра, „волчицата“ имаше многу проблеми со реализацијата, и чекаше на потврда на победата до 56. минута кога Рожер Ибањез го постигна вториот гол.

Поразот ја остава Специја на 17. место на табелата со 12 поени, два над зоната за испаѓање, каде што со 10 поени се наоѓаат Џенова и Каљари и со 8 поени Салернитана.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Рома по два порази, освои три поени <

Можете да прочитате

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот