Утрински Весник
Сцена

„Ролингстонси“ и други светски ѕвезди денеска на добротворен концерт „Еден свет- заедно дома“  

„Ролинг Стоунс“ со реиздание на албумот „Let It Bleed“

Њујорк, 18 април 2020 (/)– Легендарните „Ролингстонси“  денеска ќе учествуваат на добротворниот концерт насловен „Еден свет- заедно дома“, а друштво ќе им бидат Пол Макартни, Стиви Вондер, Елтон Џон и другите светски рок ѕвезди, соопшти сајтот „Ултимејт Класик Рок“ (Ultimate Classic Rock).

„Чест ни е што сме повикани да бидеме дел од овој настан и да учествуваме од нашите домови, од изолација“, се наведува во соопштението на рок бендот.

Имајќи предвид дека сите членови на „Ролингстонси“ ќе бидат дома, не е јасно дали рок легендите ќе свират или само ќе се вклучуваат со разговор.

Преносот на овој настан почнува денеска во 14 часот на социјалните мрежи и преку лајф платформа, а заработката е наменета за напорите на организацијата „Граѓани на светот“ (Global Citizens) да им се даде поддршка на здравствените работници кои се наоѓаат во првите борбени редови против пандемијата и на Светската здравствена органазиција.  сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка