Утрински Весник
Магазин

Роби Вилијамс открива дека некогаш бил цел на нарачано убиство

Роби Вилијамс открива дека некогаш бил цел на нарачано убиство

Хитмејкерот Роби Вилијамс тврди дека некои луѓе сакале да го претепаат и дека неговиот живот бил во опасност откако стана музичка ѕвезда со Take That во 90-тите.

Роби гостуваше во подкастот Happy Place на пејачката Ферн Котон.

Потсетувајќи се како неговиот живот се променил по славата, Роби рече: “Јас доаѓам од Стоук. Го сакам мојот роден град, но кога бев многу млад не можев да излезам надвор“.

„Луѓето сакаа да ме тепаат каде и да одам. Дури во еден момент, за мене имаше и нарачано убиство, за кое никогаш не сум зборувал “.

Роби признава дека се борел да се справи со сите пропратни ефекти  кога бил во центарот на вниманието и желбата за „враќање во нормалност“ и покрај неговиот музички успех.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување