Утрински Весник
Македонија

Рикер: ЕУ не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија

Рикер: ЕУ не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија

Поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер, смета дека Европската Унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија во интеграциите.

„Сметаме дека ЕУ не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок во интеграциите. Сметаме дека тие прашања треба да се решаваат надвор од процесот на пристапување, затоа што Скопје повеќе од што треба ја заслужи таа шанса“, вели помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Рикер, на 2БС форумот во организација на Атлантскиот сојуз на Црна Гора, кажа дека Северна Македонија и Албанија презеле важни и тешки чекори на нивниот пат кон европските интеграции.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голема акција против трговија со луѓе: Во Македонија откриени кривични дела, десетици прекршоци и истрага за нелегално посвојување

Претепале и изболе 14-годишник во Ченто – Обвинителството предложи мерки за осомничените

Тошковски: Каталогот за континуирани обуки е нов чекор кон модерна, професионална и ефикасна полиција