Утрински Весник
Сцена
300x250 opst2

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка
300x250 opst2

Лос Анџелес, 30 јуни 2020 (/) – Глумицата Риз Видерспун се пофали со тоа што „луѓето на паркинзи“ ја помешуваат и споредуваат со нејзината „двојничка“, седум години помладата пејачка Кери Андервуд.

„За жената што на паркинг ме праша дали сум Кери Андервуд! Ми го разубавивте денот, официјално!“, објави Риз на Твитер.

Пејачката, која исто така, е и глумица и модна дизајнерка беше уште пополаскана, според коментарот под објавата…

„Твојот ден?!?!?!?! Оваа дама штотуку ми го разубави целиот мој живот!!!“, додаде Андервуд.  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Стомачна танчерка доби три години затвор поради „сексуално сугестивна“ објава на интернет