Утрински Весник
Македонија

Детската градинка ,,Весели Цветови” од Делчево го укина материјалниот трошок за родителите чии дечиња посетуваат градинка

Детската градинка ,,Весели Цветови” од Делчево го укина материјалниот трошок за родителите чии дечиња посетуваат градинка
Ss2

Делчево, 30 јуни 2020 (МИА) – Делчевската градинка ,,Весели Цветови” го укина материјалниот трошок за родителите, чии дечиња поради коронавирусот не посетуваа градинка во изминатите неколку месеци. Како што истакна директорката на градинката Билјана Симовска, ваквата мерка ќе важи се додека дечињата не се вратат повторно во градинка.
-По претходно разгледување и усвојување на седница на Управниот одбор на градинката, донесовме одлука за ослободување од надоместокот на трошоците за престој во градинката за оние дечиња чии родители имаат потпишано договор со установата. Родителите иако беа обврзани да плаќаат 521 денар како материјален трошок, сега со новата одлука додека трае здравствената криза, тој трошок нема да го плаќаат, информира Симовска.
Одлуката како што додаде, едногласно е поддржана и од делчевскиот Совет, а истата ќе важи од месец април до завршувањето на здравствената криза.
Во градинката пред почетокот на пандемијата беше овозможен престој за над 300 дечиња поделени во неколку возрасни групи. Пред една недела вработените во градинката беа тестирани за присуство на вирусот КОВИД-19, при што сите тестови беа негативни. вс/бк/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Таравари-Ванхоуте: Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце 

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ УШТЕ ДЕНЕС И УТРЕ: Температурите ќе достигнат до 27 степени

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!