Утрински Весник
Македонија

Реновиран Одделот за интензивен рехабилитациски третман за деца со аутустичен спектар и комбинирани развојни нарушувања

Реновиран Одделот за интензивен рехабилитациски третман за деца со аутустичен спектар и комбинирани развојни нарушувања

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Одделот за интензивен рехабилитациски третман каде што се третираат деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања е комплетно реновиран. Во овој оддел на околу 250 метри кавадратни обновен е подот и сите кабинети се опремени со комплетно нов мебел. Воедно, опремен е и кабинетот за рана развојна интервенција каде што првпат се опфаќаат деца од 0-3 години.

За работа на овој кабинет, како што соопштуваат од Министерството за здравство, набавени се стандардизирани тестови за рана развојна проценка. Логопедот кој работи во овој кабинет посетуваше обука за работа со родители во организација на Светската асоцијација на логопеди. Со децата во овој кабинет работат логопед, дефектолог и психолог.

Пуштен е во употреба и кабинетот за ВАТ терапија (виброакустичка терапија), каде се користат ниските фрекфенции на изговорените гласови до 140 херци и се користи за третман на сензорни дисфункции. За спроведувањето на оваа терапија набавена е целокупната потребна опрема и спроведена е едукација за примена на оваа метода.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека оваа ситуација не само што ги подобрува условите за пристап на овие пациенти, туку и влијае на подобрувањето на целокупниот здравствен систем, како една од важните гранки во здравствениот систем.

– Покрај реновирањето на одделот за интензивен рехабилитациски третман за деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања во Заводот за слух, говор и глас, се пушта во употреба комплетно опремениот и кабинет за рана развојна интервенција кадешто за првпат се опфаќаат деца од 0-3 години. Воедно, логопедот кој работи во овој кабинет е посебно обучен за работа со родители и сето ова е во организација на Светската асоцијација на логопеди. Со децата во овој кабинет работат логопед, дефектолог и психолог, вели Филипче.

Тој очекува дека ваквите центри да бидат пример и да отворат можности за отворање слични центри за лицата со попреченост, за полесен пристап до услугите кои им се потребни.

Во декември 2019 година се отвори нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар во Општата болница во Охрид со поддршка од бугарската амбасада и Здружението „Во мојот свет“.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути